Актуелно

Детонација 40 минути по полноќ пред казино во Скопје

Силен звук, како детонација одекнал 40 минути по полноќ пред казино на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода.

Нема повредени лица, а нема ниту оштетувања на казиното и на околните објекти.

Ова го соопшти МВР без да објави повеќе информации за инцидентот.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

На почеток