Актуелно

Блокиран Твитер во Турција, полицијата уапси 18 лица поради објави на социјалните мреж

Работата на американската социјална мрежа „Твитер“ е забранета во Турција, објавено е на веб-страницата за следење на работата на интернет „Нетблокс“.

„Нетблокс“, кој ја следи работата на интернетот ширум светот, објави дека податоците укажуваат дека неколку провајдери во Турција ја блокирале работата на „Твитер“.

– Интернет податоците во реално време покажуваат дека „Твитер“ е забранет во Турција. Филтри беа применети кај големите провајдери во време кога јавноста очекува информации по серијата смртоносни земјотреси – се вели во пораката на „Нетблокс“.

Турската полиција приведе најмалку 18 лица и уапси пет по, како што рече, „провокативните објави“ на социјалните мрежи за земјотресот во Турција.

Говорејќи денеска за време на посетата на градот Кахраманмарас, една од најтешко погодените области, претседателот Реџеп Таип Ердоган им порача на граѓаните да ги игнорираат „провокаторите“ и да ги слушаат само официјалните извори на информации.

Турција и Сирија пред два дена ги погоди силен земјотрес во кој загинаа повеќе од 11.000 луѓе.

На почеток