(ВИДЕО) Момче од Сирија се снимало со мобилен телефон под урнатините: „Не знам дали ќе умрам“
Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ја погодија турско-сириската граница. Бројот на загинати постојано се зголемува и сега се искачи на повеќе од 9.500 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те региони најпогодени од земјотресите.
На социјалните мрежи се појави видео од сириско момче кое по земјотресот заврши под урнатините. „Го снимам ова видео, не знам дали ќе живеам или ќе умрам. Ако ова видео се сподели, тоа значи дека преживеав“, вели тој во видеото.
„Не можете да го знаете ова чувство ако не сте го доживеале ова. Ова може да го разберат само оние кои биле под урнатините“, рече тој на видеото и додаде дека во зградата каде што живеел имало уште три или четири семејства. пред земјотресот.
Сириските власти се уште не соопштуваат дали успеале да го спасат момчето или не.
This Syrian boy records himself from
under the rubble after his home collapsed
due to the earthquake.#TurkeySyriaEarthquake #Turkey #earthquakes #HelpTurkey #syriaearthquake #Turquia pic.twitter.com/42hodIXqOV— Subhan Jamil (@SubhanJamil17) February 8, 2023