Актуелно

(ВИДЕО) 60 часа по земјотресот, од урнатините извлечени 6 лица, меѓу кои и дете

Шест лица, меѓу кои и едно дете, се извлечени живи од урнатините 60 часа по земјотресот во Турција, јави Си-Ен-Ен Турк.

Камерите на Си-Ен-Ен Турк покажаа здравствени службеници како трчаат кон урнатините во градот Кахраманмарас.

Неколку минути подоцна тие покажаа член на спасувачкиот тим како носи дете со кратка, кадрава, кафена коса.

Новинарката на Си-Ен-Ен Турка ја нарече операцијата неверојатна, а спасувањето чудесно.

На социјалните мрежи се појави видео од спасувачката операција, а според извештаите, првото прашање на четиригодишното момче било „Каде е татко ми?

На почеток