Свет

Махлуф: Околу 300.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови

Повеќе од 298.000 луѓе во Сирија мораа да ги напуштат своите домови по разорниот земјотрес, изјави денеска министерот за локална администрација и животна средина Хусеин Махлуф, пренесоа државните медиуми.

Нашата земја не е во состојба да се справи со вакви катастрофи, особено поради загубата на 50.000 градежни машини и опрема поради војната, што ни е очајно потребно во оваа катастрофа, рече Махлуф на прес-конференција во Дамаск, пренесоа државните медиуми. Махлуф рече дека владата отворила 180 засолништа за раселените лица.

„Не ја негираме тежината на ситуацијата во однос на расположливите можности. Времето влијаеше и на спасувачките операции и обезбедувањето помош, но и покрај тоа хуманитарниот персонал и лекарите не се двоумеа да обезбедат се“, додаде тој.

На почеток