Свет

Русија испраќа тим лекари во Турција

Тим од 11 руски лекари денеска ќе биде испратен во Турција за да им пружи медицинска помош на преживеаните во разорните земјотреси, изјави за новинарите помошникот министер за здравство на Русија, Алексеј Кузњецов.

„Согласно инструкциите на претседателот на Русија Владимир Путин, тим од лекари ќе биде испратен во Турција за да им пружи медицинска помош на преживеаните од земјотресот“, рече Кузњецов, пренесе ТАС С.

Според него, тимот го сочинуваат 11 трауматолози, неврохирурзи, хирурзи, педијатриски хирурзи и анестезиолози-реаниматори од водечки руски федерални медицински центри.

На почеток