Двојка од Сараево сака да го посвои бебето извадено од под урнатините во Сирија


Двојка од босанскиот главен град Сараево сака да го посвои бебето родено под урнатините во Сирија.
Се работи за женско бебе, кое е здраво и е пренесено во болница. Во редакцијата на Аваз се јавил млад брачен пар кој сака да го посвои бебето. Мајката на девојчето почина, а тоа нема други членови на семејството.
„Ве молиме да ни помогнете, да дојдете до ова дете и да му пружиме бескрајна љубов и утеха. Објавете вест, да се знае дека во Сараево постојат двајца млади луѓе кои немаат свои деца, а кои би сакале да го посвојат ова бебе и да му ја пружат сета љубов на светот“, изјавила младата жена за Аваз.
Кај бебето не била одвоена папочната врвца со мајката, што е доказ дека жената за време на земјотресот го родила девојчето. Црниот биланс расте. Во Сирија и Турција во земјотресот загинаа над 11.000 луѓе.
