Актуелно

(ВИДЕО) Објавен трејлер за втората сезона на „Јужни ветар“

Втората сезона од популарната серија „Јужни ветар“ ќе почне да се прикажува на 25 февруари. Серијата ќе се прикажува секоја сабота и недела од 20 часот на српската телевизија РТС 1.

Во продолжението, кралот на српското подземје, Петар Мараш, е поразен во улична војна против државата. На нишан се неговата работа, пријателите, семејството и животот.

Во серијата се појавуваат Милош Биковиќ, Миодраг Радоњиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Александар Берчек, Богдан Диклиќ, Јована Стојиљковиќ, Оксана Акиншина и многу други.

Креатор на серијата е Милош Аврамовиќ, продуценти се Татјана Жежељ Гојковиќ, Милош Аврамовиќ, Милош Биковиќ и Миодраг Радоњиќ, а сценарист е Петар Михајловиќ. Режисери се Милош Аврамовиќ, Љубомир Божовиќ, Немања Чераниќ, Данило Бечковиќ и Мирослав Стаматов.

На почеток