Целата западна помош оди во Турција, кај нас ништо не доаѓа, вели советник на сирискиот претседател
Советник на сирискиот претседател Башар ал Асад го обвини Западот дека само испраќа хуманитарна помош до деловите на Сирија кои се под контрола на бунтовниците. Бутаина Шабан го опиша земјотресот како „катастрофа“, додавајќи дека безброј луѓе се уште се заробени под урнатините во деловите на земјата што се под контрола на владата.
Шабан упати остро обвинение против Западот, посочувајќи дека западните земји испраќаат помош само „каде што има терористи“. „Владата на Сирија и граѓаните на Сирија, од сите сфери на животот и од секој агол на Сирија, даваат се од себе да помогнат. За жал, Западот се грижи само за областите каде што се терористите, каде што се Белите шлемови. но не им е грижа за областите во кои живеат мнозинство Сиријци“, истакна советникот на сирискиот претседател.
„Поголемиот дел од парите и целата опрема беа испратени во Турција од Европа и САД, а ништо во Сирија од Европа“, додаде Шабан. Таа ги изјави овие тврдења откако беше прашана од новинарите дали Сирија ќе размисли за отворање на границата со Турција за да дозволи проток на помош.
Таа рече дека САД и Европа не дозволуваат Сиријците да префрлаат пари на членовите на нивните семејства. „Бараме од вас да ја оставите политиката настрана. Вистината е дека САД и Европа ги штитат само Белите шлемови. Ова е апсолутна вистина за она што се случува во Сирија“, заклучил советникот на Ал Асад, според Скај њуз.