Актуелно

Девојче е извлечено од урнатините во Турција по 72 часа

Две лица се извлечени живи од урнатините на земјотресот во два одделни града во југоисточна Турција, повеќе од 72 часа откако земјотресот го погоди местото каде што живеат. Спасувачките екипи ја извлекле повредената жена од урнатините и таа со возило на Брза помош била пренесена во болница. Во исто време од урнатините во Антакија е спасено мало девојче.

Претходно две жени беа пронајдени живи под урнатините во Турција 62 часа по земјотресот, соопшти канцеларијата на градоначалникот на Газиантеп.

Фатма Демир (25) и нејзината сестра Мерве беа спасени во средата откако поминаа 62 часа под урнатините на зградата, јави а Си-Ен-Ен.

„Кога се случи земјотресот, врз мене падна бетонска плоча, паднав на подот“, рече Демир.

На почеток