Македонија

Сали за смртта на Благојче крева раменици

Министерот за здравство, Беким Сали, прашан дали се чувствува одговорен за смртта на пациентот Благојче Илиевски, кој ја изгуби битката со цистичната фиброза, без да го добие лекот, не одговори конкретно. Тој посочи само дека изразил сочувство до членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза. Министерот додаде дека тоа е затекнат проблем, а министерството не е најодговорна институција за проблемот.

„Тој проблем беше наталожен од други фактори, не од Мистерството за здравство. Министерството не ги купува лековите, туку го организира системот и правно ги овозможува сите движења. Не е најодговорна институција за тој случај, ние навремено побаравме поддршка и од Владата и од Министерството за финансии – за да одговориме позитивно“, кажа Сали.

Го повтори ставот дека сега ќе се вршат измени на три закони, по кои ќе започнат преговори за набавка на лекот „трикафта“

На почеток