Коментари

Јоци: Не излегува никој на протести за изгубениот живот на Благојче, затоа што секој има барем по еден во администрација по дома

Не излегува никој од народот на протести за изгубениот живот на Благојче, затоа што секој еден во земјава има барем по еден во администрација по дома, вели новинарката Јорданка Ивановска Јоци

„Старите се болни и акаат по амбуланти, лути се, но синот или ќерката партиски бирократи им велат – ,,немој да си се јавувал на тв да дрндаш, ќе ми направиш проблем”. И овие молчат. И така некако придонесуваат системот да се распаѓа и утре да е нефункционален и за нив. Болничките ходници се преплавени од разни умрени од грешки и бирократии, онакви кои немале број од министри во мобилниот за да прерипаат преку ред.

А, и да имале – џабе.

Тоа ви е нешто како последица од земјотрес, доволно е една цигла да нема во зградата.

Тоа се карики кои постојано се откачуваат на сечија штета и потоа нема ланец на одговорност.

Истиве овие синови и ќерки, утре, кога ќе се разболат, ќе нема народ и за нив по улици. И самите ќе ѕвонат очајно по контактни емисии, но тоа ќе биде само празен глас во етерот. Ќе нема кој да ги слушне.

Претплатникот не е достапен“, вели Јоци.

На почеток