Ниските температури кои ја зафатија земјава , придонесоа за замрзнување на делови од Охридското Езеро на охридското и струшкото крајбрежје.
Замрзна крајбрежјето на езерото во близина на „Женска плажа“ во Струга, како и мрзнење и на поплитките делови од езерото кај Калишта, Радожда и во Охрид.
Замрзнати делови има и на акумулацијата „Глобочица“.