Македонија

(ВИДЕО) Георгиески: Дисциплинска комисија ќе ги исконтролира исплатите на штети од земјотресите, сите кои се огрешиле ќе бидат изведени пред лицето на правдата

ВМРО ДПМНЕ денеска побара в.д. Градоначалникот Констатнтин Георгиески на денешната седница да реферира за досегашните преземени мерки и активности во врска со проблемите кои настанаа при исплтата на штетите од земјотресите. Георгиевски пак вели нема што да крие:

„Јас формирав дисциплинска комисија на 04.01 таа има законски рок од 20 дена да изготви извештај и до тој законски рок јас нема да коментирам по однос на работата на таа комисија и наодите кои што ќе дојдат од таа комисија . А уште еден доказ дека луѓето јас ги делам на чесни и нечесни , на работници и неработници е тоа што за претседател на таа комисија го поставив Александар Китески истакнат член на ВМРО ДПМНЕ , меѓутоа човек кој исклучително го ценам и почитувам како совесен работник и професиналец во својата струка и ценам дека најдобро и најпрофесинално ќе си ја заврши својата работа како претседател на таа дисциплинска комисија и сите мерки кои што ќе произлезат од заклучокот на таа дисцилинска комисија по однос на тој случај ќе бидат превземени и сите лица кои доколку се огрешиле ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, истакна в.д градоначалникот.

На денешната седница инаку в.д градоначалникот ги прифати сите прашања по однос на ова на оваа точка поднесеи од ВМРО ДПМНЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток