Свет

Двомесечно бебе извлечено живо по 128 часа поминати под урнатините

Повеќе од 25.000 луѓе загинаа, а десетици илјади беа повредени во разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција и Сирија. Спасувачите се во трка со времето – влева надеж дека и шестиот ден по земјотресот наоѓаат преживеани под урнатините. Помош пристигнува од целиот свет, а границата меѓу Турција и Ерменија е отворена по 35 години заради испраќање помош.

Двомесечно бебе е спасено во провинцијата Хатај по 128 часа поминати во урнатините, јавува Anadolu Agency.

Бебе е извлечено живо од урнатините на урната зграда во јужна Турција, шести ден откако два разорни земјотреси ја погодија Турција.

Бебето е предадено на медицински екипи за медицинска нега, пренесува агенцијата.

На почеток