САД ставија петмина Бугари на црната листа


САД стави уште петмина Бугари на црната листа, од кои тројца поврзни со енергетскиот бизнис.
Меѓу санкционираните за корупција се и поранешните министри Владислав Горанов од ГЕРБ и Румен Овчаров од БСП, како и поранешниот директор на нуклеарната централа „Козлодуј“ Александар Николов.
Овчаров и Николов заедно ја оштетиле државата за над 50 милиони долари со набавките на нуклеарно гориво, а Горанов го оштетил буџетот за над 300 милиони долари во рок од пет години со промени на законодавството во корист на коцкарските фирми.
САД велат дека санкционираните лица и фирмите поврзани со нив се од различен спектар на бугарската политика и тоа го покажува длабоко вкоренување на корупциски шеми и модели кои што треба да бидат искоренети од бугарскиот општествен и политички живот.
