Актуелно

Бројот на загинати во земјотресот во Турција се зголеми на 22.327

Бројот на загинатите во силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Турција се зголеми на 22.327, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Тој наведе дека бројот на повредени достигна 80.278, јавува Anadolu Agency.

„Гардијан“ претходно објави дека во Сирија загинале 3.553 лица, со што вкупниот број на жртви од земјотресот во двете земји достигна 26.000.

На почеток