(ВИДЕО) Историски момент: Границата на Турција и Ерменија се отвори по 35 години заради испраќање помош
Границата меѓу Турција и Ерменија беше отворена денеска по 35 години за да се испрати помош во зоната на земјотресот, а пет камиони со помош од Ерменија ја минаа границата преку граничниот премин Аликан во провинцијата Игдир во источна Турција.
Заменик-министерот за надворешни работи на Ерменија, Вахан Костанјан, објави видео на Твитер на кое се гледаат камиони кои носат хуманитарна помош како минуваат преку мостот Маргара на границата со Турција, јави агенцијата Анадолија.
BREAKING:
Armenia has sent humanitarian aid to Turkey. Trucks with humanitarian aid have crossed the Margara bridge on the border and are in the way to the earthquake stricken region, according to Armenia’s MFA. pic.twitter.com/A80CUth31P
— 301🇦🇲 (@301arm) February 11, 2023
Специјалниот пратеник на Турција за разговори за нормализација на односите со Ерменија, Сердар Килиџ, на Твитер и се заблагодари на Ерменија за помошта.
Граничниот премин Аликан беше искористен во 1988 година, кога силен земјотрес ја погоди Ерменија, за испраќање помош собрана од турската Црвена полумесечина.
Турските и ерменските власти минатата година се договорија да ја отворат копнената граница што е можно поскоро за граѓаните од трети земји кои ги посетуваат двете земји, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Во земјотресите што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија загинаа повеќе од 24.000 луѓе.