Петчлено семејство по 129 часа е извлечено од урнатините во Турција
Од
Објавено на
Спасувачките тимови во пограничниот град Нурдаг во турската провинција Газиантеп денеска извлекоа на безбедно петчлено семејство кое преживеа пет дена по катастрофалниот земјотрес, затрупано во урнатините од нивниот дом.
Спасувачите прво ги извлекле мајката и ќерката Хава и Фатмаѓул Аслан од урнатините, а кога стигнале до таткото на семејството, Хасан Аслан, тој инсистирал прво да бидат спасени неговата втора ќерка Зејнеп и синот Салтик, пренесува АП.
Според официјалните податоци, вкупниот број на загинати во разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија продолжува да расте и денеска се приближи до бројката од 25.000.