Актуелно

(ВИДЕО) Решена мистеријата за зградата која ни два земјотреси не можеа да ја урнат

Кахраманмара, град во јужна Турција, беше еден од најтешко погодените од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари, во раните утрински часови.

Да потсетиме, градот двапати беше погоден од земјотрес, првиот пат со јачина од 7,8 и вториот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Ова беше доволно за да се срушат повеќето згради до темел. Според последните информации, загинале над 24.000 луѓе, над 80.000 се повредени.

Неколку дена по земјотресот, на социјалните мрежи се појави слика на која се гледа објектот, целосно недопрен, додека околу него има страшни сцени, бетон, прашина… Сцената е надреална.

– Зградата на сликата е во Кахраманмарас, тоа е зградата на Комората на градежни инженери. Не се потребни други зборови. Научниците и инженерите имаат знаење да изградат структури кои ќе преживеат таков голем земјотрес. Ако науката и технологијата се применуваат за доброто на луѓето! – напишаа на Твитер.

Експертите велат дека Турција има прописи за да спречи таква катастрофа. Но, градежните компании не ги спроведуваат, од кои најголемите често се блиски до претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Официјални лица велат дека 12.141 зграда биле или уништени или сериозно оштетени во Турција.

Бидејќи првиот земјотрес беше толку силен, „треба да се очекуваат штети, но не и штетата што ја гледате сега“, изјави за француската новинска агенција АФП Мустафа Ердик, професор на Универзитетот Богазичи во Истанбул.

Дури и ако зградата се урне, луѓето обично можат да се кријат додека спасувачите не ги најдат, рече тој.

Но, овој пат, додаде тој, зградите „се урнаа како палачинки“.

„Катовите се наредени еден врз друг“, рече Ердик, кој исто така е член на Турската фондација за земјотреси, што значи дека има мали шанси луѓето да бидат пронајдени живи.

На почеток