Свет

Која е најбараната професија во Хрватска, платата достигнува и до 1.060 еврa

Гробар е една од најбараните професии во Хрватска, постојано се отвораат огласи за регрутирање на оваа работна сила, бидејќи комуналните претпријатија низ Хрватска имаат проблем со погребите поради недостиг на работници.

Во некои жупании се распишани конкурси, на кои сега се повикуваат дури и пензионерите. Вработувањето е на неопределено време, не е потребно завршено основно училиште или искуство. Заработката што им се нуди на гробарите се движи од 663 до 1.061 евро, некои нудат и топол оброк, годишен бонус, божиќен бонус, регрес за годишен одмор.

Во описот на работното место стои дека се работи за одржување на гробиштата, закопување на починатите и уредување на јавните површини.

Загребачки Вечерњи лист пишува дека поради недостиг на работници, комуналното претпријатие Луком, на пример, дури морало да го ограничи бројот на дневни погреби на три, бидејќи имаат само осум гробари.

Огласите се отворени за мажи и жени, за да нема дискриминација, иако жените не се вработуваат на ова работно место. Годишно во Хрватска се организираат меѓу 50.000 и 60.000 погреби, пишува Вечерњи.

На почеток