Актуелно

Кога ќе победиме во Украина, сите ќе сакаат да ни бидат пријатели, вели руски пратеник

Гостите во емисијата на Путиновиот пропагандист Владимир Соловјов на руската државна телевизија разговараа за тоа како Русија би можела да привлече повеќе земји под свое во време кога води војна со Украина.

Клип од шоуто беше споделен од Џулија Дејвис, колумнист за Дејли Бист, каде прикажува дискусија за тоа како Русија може да им помогне на другите земји и на тој начин да ги натера да ја видат користа од застанувањето на страната на Русија.

„Ова е еден од нашите проблеми. Американците имаат УСАИД, имаат програми за помош. Тие имаат развиено програми за странска помош. Соединетите држави не обезбедуваат само оружје и опрема, туку и образование, меѓу другото“, рече Андреј Сидоров, заменик декан за светска политика на Московскиот државен универзитет.

Потоа зборот го презема Соловјов, кој прашува дали Русија прави се што може за Белорусија.

„Белорусија доби многу санкции бидејќи стои рамо до рамо со нас. Дали навистина правиме се што можеме за Белорусија? Праша пропагандистот на Путин.

Рускиот парламентарен претставник Андреј Гуруљов изрази уверување дека повеќе земји ќе сакаат пријателски односи со Русија кога руската армија ќе победи во Украина.

„Способноста на која било земја да преговара со нас без оглед на нивното практично размислување зависи и е директно пропорционална со победата на нашата војска во Украина. Ова е најважното нешто. Кога ќе победиме во Украина, можам да ве уверам дека сите ќе сакаат да бидат наш пријател“, заклучи Гуруљов,пренесе Индекс.хр.

На почеток