Вучиќ со претставник на НАТО: КФОР придонесува за одржување на мирот и стабилноста во Косово


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска го прими заменик-помошникот генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Хавиер Коломина.
Вучиќ во таа прилика посочи дека припадниците на КФОР со својата професионалност придонесуваат за одржување на мирот и стабилноста на Косово и Метохија, кои се загрозени од едностраните потези на Приштина.
Вучиќ со Коломин разговарал и за соработка во рамките на политиката на воена неутралност на Србија, соопшти прес-службата на претседателот.
Вучиќ по тој повод рече дека редовниот дијалог меѓу претставниците на Србија и претставниците на политичките и воените структури на НАТО придонесува за градење меѓусебна доверба.
На средбата, функционерот на НАТО Коломин рече дека НАТО го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој се води со посредство на ЕУ.
Претседателот Вучиќ во оваа прилика го повтори ставот дека е неопходно Приштина да ја исполни својата обврска за формирање на Заедницата на српските општини, преземена со потпишувањето на Бриселскиот договор пред десет години.
