Свет

Нов земјотрес во Романија

Нов земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, јавува ЕМСЦ.

Според веб-страницата, земјотресот е регистриран во 16 часот и 24 минути по локално време.

Претходно денеска Романија ја погоди земјотрес со интензитет од 5,7 степени по Рихтеровата скала. Земјотресот е почувствуван и во Србија, а граѓаните јавуваат дека потресите ги почувствувале во Белград, Нови Сад, Вршац, Смедерево, Крушевац…

На почеток