Актуелно

Сноуден за серијата соборување на НЛО во САД: Посакувам да се вонземјани, но не се

Едвард Сноуден, во врска со серијата соборувања на неидентификувани летечки објекти (НЛО) над САД и Канада, за кои се шпекулира дека се од вонземско потекло, рече дека станува збор за „конструирана паника“, создадена за новинарите да се занимаваат со тоа, наместо со поважни работи.

„Тие не се вонземјани. Посакувам да се вонземјани, но не се. Тоа е само добра старомодна паника, привлечна приказна која гарантира дека новинарите ќе ги следат балоните, наместо буџетот или бомбардирањето (како Северен тек, на пример). До следниот пат“, напиша на Твитер Сноуден, кој со години живее во Русија.

Белата куќа претходно денеска објави дека нема индикации дека вонземјани стојат зад серија неидентификувани објекти соборени над САД и Канада.

„Знам дека има прашања, некои беа загрижени за ова, но не, нема ништо што би укажало на вонземјани“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Во неделата, американското воено воздухопловство соопшти дека не ја исклучува можноста за вонземска средба, ниту пак исклучува какво било објаснување.

На почеток