Свет

„Волстрит џурнал“: Болсонаро има намера да се врати во Бразил во март

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро изјави дека планира да се врати во земјата во март, откако помина повеќе од еден месец во САД, објави денеска „Волстрит џурнал“ (ВСЈ).

Според Ројтерс, Болсонаро ќе се врати во Бразил за да му се спротивстави на претседателот Луис Инасио Лула да Силва и да се брани од обвинувањата дека тој поттикнал насилство во Бразилија минатиот месец, кога неговите поддржувачи, кои веруваа дека изборите биле наместени, упаднале во претседателската палата, Врховниот суд и Конгресот.

Болсонаро отиде во САД, во државата Флорида, два дена пред Лула да положи заклетва на 1 јануари, а подоцна аплицираше за шестмесечна туристичка виза за престој во САД.

На почеток