Украина ослободи 101 воен заробеник во процесот на размена со Русија
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Украина по преговори вратила 101 воен заробеник.
– Рускиот воен транспортен авион ќе ги префрли затворениците во Москва на лекување и рехабилитација во медицинските установи на руската армија – се наведува во соопштението, а пренесува Ројтерс.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андреј Јермак потврди дека во Русија се вратени 100 војници и еден цивил.
Според неговите изјави, сите го бранеле опколениот град Маријупол, пред тој да падне во рацете на руските војници.
Претходно овој месец, Зеленски рече дека од почетокот на војната минатиот февруари, Украина обезбедила ослободување на 1.762 мажи и жени од руско заробеништво.