Актуелно

Макрон: Франција сака Русија да биде поразена во Украина, но не сака да ја „скрши“

Франција сака Русија да биде поразена во Украина, но не сака да ја „скрши“, објави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

– Не мислам, како некои луѓе, дека мораме да целиме кон тотален пораз на Русија, напаѓајќи ја Русија на нејзино тло. Тие набљудувачи сакаат, пред сè, да ја скршат Русија. Тоа никогаш не бил став на Франција и никогаш нема да биде наш став – рече Макрон во интервју за Журнал де Диманш.

Во петокот францускиот претседател ги повика сојузниците да ја зголемат воената поддршка за Украина, наведува Ројтерс.

На почеток