Исфрлена израелската делегација која присуствуваше на самитот на Африканската унија во Адис Абеба
Членовите на израелската делегација која присуствуваше на самитот на Африканската унија во Адис Абеба како набљудувачи беа протерани од конференциската сала, на барање на Јужна Африка и Алжир.
Инцидентот се случи за време на церемонијата на отворање на самитот кога членовите на обезбедувањето на конференцијата им пријдоа на членовите на израелската делегација и побараа од нив да ја напуштат салата.
Висок функционер во израелското Министерство за надворешни работи потврди дека членовите на израелската делегација дознале дека зад овој потег стојат Јужна Африка и Алжир.
Портпаролот на министерот за надворешни работи на Израел, Лиор Хер, рече дека неговата земја многу сериозно го сфаќа протерувањето на делегацијата, во која беше и заменик-директорот на Одделот за Африка во израелското Министерство за надворешни работи, Шарон Бар-ли и покрај нејзиниот статус на акредитиран набљудувач“.
– Тажно е да се види дека Африканската унија е заложник на мал број екстремистички земји како Алжир и Јужна Африка, водени од омраза и под контрола на Иран. Ги повикуваме африканските земји да се спротивстават на овие дејствија кои и штетат на организацијата на Африканската унија и на целиот континент – рече Хер, пренесува Jerusalem Post.
Весникот наведува дека ваквиот настан според меѓународните конвенции се смета за сериозен дипломатски инцидент.