Проценета штета од разорните земјотреси: Уништени се најмалку 118.000 згради
Од
Објавено на
„Најмалку 118.000 згради во Турција се урнаа, се сериозно оштетени или ќе се урнат по разорните земјотреси што ја погодија земјата.
Ова го изјави турскиот министер за животна средина и урбанизам, Мурат Курум.
„Вкупно 925.000 цивилни згради се проверени во 11-те провинции погодени од земјотресот. Околу 118.000 од нив се урнати, се сериозно оштетени или ќе се урнат“, изјави Курум за локалната телевизија.
Според него, во наредната година во погодените провинции ќе се изврши најголемата реконструкција на станбени згради во историјата на Турција.