Македонија

„Ние изградивме пруга со Бугарија за напред, ама тие решија да ги фрлат шините“, вели Димитров

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров вечерва во Само вистина на Канал 5 изјави дека зборуваме за европска иднина, но во реалноста сме далеку од тие принципи.

За Договорот од Преспа кажа дека бил тежок компромис, но тоа смирува, а со Бугарија имаме сериозни проблеми.

„Различните гледања да ги оставиме на науката и на експертите, а во политиката да гледаме што ни е заеднички интерес. Тие тој процес го срушија. Ние изградивме пруга со Бугарија за напред, ама тие решија да ги фрлат шините“, кажа Димитров.

За Бугарија, рече дека и без Договорот за пријателство може да ја блокира Македонија. Вели дека сега имаме отворен проблем со Бугарија. Димитров изјави дека со вакви пријатели, не ни требаат непријатели. Не се сложува дека маргиналци во Бугарија го негираат македонскиот јазик, туку тоа го прави бугарската држава.

На почеток