Во текот на изминатиот ден (16.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди од кои една сообраќaјна незгода со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 54 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.
Исто така исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, девет возачи поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и 29 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминање коловоз на црвено светло.
Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.