Скопје

Новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија, применета во Македонија

На пациент кој доживеал мозочен удар, поради запушување на магистрален крвен сад во мозокот, завчера тим лекари невролози, анестезиолози и радиолози, спасен му е животот со помош на новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија, која кај нас веќе станува практика.

„Пациентот се чувствува добро. Најважно е дека навреме се спасени сите витални функции кај него, непречено ги движи и нозете и рацете. Без примената на оваа нова метода пациент со ваков мозочен удар или ќе починеше или ќе останеше со трајни инвалидни последици. Голем успех за тимот лекари кои беа вклучени во овој, за нас иновативен пристап, но кој покажува многу добри резултати при состојби на акутен мозочен удар. Им честитам на колегите, а на пациентот му посакувам побргу да закрепне и да биде со семејството“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Зафатот го изведе тим од лекари и медицински сестри од Универзитетските клиники за Неврологија д-р Анита Арсовска и д-р Бојан Бошковски, од Клиниката за Радиологија д-р Петар Јаневски, д-р Менка Лазарова и д-р Дејан Даскалов и од КАРИЛ анестезиологот д-р Азби Агуши.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток