Мелони: „Секој мир што подразбира предавање на Украина на руските сили не е мир“

Од
Објавено на

Италијанскиот премиер Џорџија Мелони изјави денеска дека секој мир што подразбира предавање на Украина на руските сили „не може да биде вистински мир“.
За време на посетата на Киев и разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, таа изјавила дека поразот на Украина создава ризик од инвазија на други европски земји и ветила продолжување на воената поддршка на Италија за Киев, пренесува Ројтерс.
Мелони додаде дека Италија бара да биде домаќин на меѓународна конференција за обнова на Украина, која е најавена за април.
