Свет

Зеленски за критиката на Берлускони: „Фала богу неговиот партнер од Русија не испрати тенк во неговата куќа“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги отфрли критиките на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, велејќи дека Берлускони не мора да живее изложен на бомбардирање секој ден во темни простории без струја.

За време на заедничката прес-конференција во Киев со италијанскиот премиер Џорџо Мелони, од Зеленски беше побарано да ги коментира неодамнешните изјави на Берлускони, вклучително и онаа дека не би сакал да се сретне со Зеленски бидејќи смета дека тој е одговорен за војната во Украина, пренесе Ројтерс.

Берлускони, лидер на конзервативната партија Форца Италија, која е дел од владејачката коалиција во Италија, е стар пријател на рускиот претседател Владимир Путин.

– Господинот Берлускони, ми се чини, никогаш немал своја куќа која секојдневно е изложена на проектили. Фала му на Бога неговиот партнер од Руската Федерација не испрати тенк во неговата куќа за да го уништи неговото најблиско семејство и роднините – рече Зеленски.

To Top