Актуелно

Шпанија заплени и казни танкер на Малта, испуштал нафта на отворено море

Шпанија го заплени и казни танкерот со нафта „Лагарта“ кој пловел под знамето на Малта бидејќи испуштал нафта на отворено море недалеку од пристанишниот град Тарагона, соопшти денеска шпанското Министерство за транспорт.

Медитеранските и атлантските брегови на Шпанија станаа центар за поморска активност, вклучително и пренос на нафта познат како операции „STS“ од брод на брод, што предизвикува зголемена загриженост за безбедноста.

Шпанските власти соопштија дека го пресретнале танкерот откако испуштил јаглеводороди откриени од авионски сензори и сателит на 11 февруари.

– Дамката се прошири од предниот дел на бродот на површина од 12,7 квадратни километри – се вели во соопштението на шпанската трговска флота и Министерството за транспорт.

Во соопштението се наведува дека бродот ќе биде задржан додека сопствениците не платат кауција од 100.000 евра и дека врз основа на доказите надлежните ќе поведат дисциплинска постапка.

На почеток