Свет

Кина објави документ од 12 точки за Украина во кој се повикува на прекин на огнот

Кина објави документ од 12 точки во кој детално се опишува нејзината позиција за војната во Украина и повикува на прекин на непријателствата и мировни преговори.

Во документот насловен како Позицијата на Кина за политичкото решение на украинската криза, објавен на интернет, кинеското Министерство за надворешни работи наведува дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во продолжувањето на мировните преговори, пренесе Си-Ен-Ен.

Секоја точка е проследена со параграф кој ја објаснува позицијата на Кина, но не дава конкретни предлози за тоа како треба да се постигнат позициите на Кина.

Во документот се наведени следните 12 точки: почитување на суверенитетот на сите земји, напуштање на менталитетот на Студената војна, завршување на непријателствата, продолжување на мировните преговори, решавање на хуманитарната криза, заштита на цивилите и воените заробеници, зачувување на безбедноста на нуклеарните централи, намалување на стратешките ризици, олеснување на извозот на жито, запирање на еднострани санкции, одржување стабилни индустриски и синџири на снабдување, како и промовирање на постконфликтна реконструкција,пренесе Танјуг.

На почеток