Свет

Зеленски: Ова ќе биде година на нашата победа

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на годишнината од почетокот на војната во Украина рече дека ова ќе биде година на победа на Украина.

Зеленски напиша на Телеграм дека на 24 февруари милиони Украинци направија избор и избраа отпор и борба.

„На 24 февруари милиони од нас направивме избор. Не бело знаме, туку сино-жолто знаме. Не бегање, туку соочување. Соочување со непријателот. Отпор и борба“, напиша Зеленски.

Според него, претходната година беше година на болка, тага, верба и единство. И ова е година на нашата непобедливост. Знаеме дека ова ќе биде година на нашата победа, напиша претседателот на Украина.

Володимир Зеленски најави дека ситуацијата на истокот на земјата е многу тешка, но дека Киев прави се за да издржи.

Зеленски, по средбата со највисоките воени претставници, на Телеграм напиша дека ситуацијата во одредени области на југот на земјата е доста опасна, но дека украинските сили имаат средства да одговорат на руските војници.

Според Зеленски, ситуацијата во Одеса и во областа околу Црното Море е под контрола,пренесе Танјуг.

На почеток