Ковачки: Ковачевски ја навреди пратеничката Бети Стаменкоска на сексистичка основа, бидејќи пати од комплекс на ниска вредност


„И денеска се продолжува со понижувањето на македонската демократија, во собранието од страна на нелегитимниот премиер кој што во утринските часови прекинуваше пратеници со дофрлања од место дека многу викале и не можел да ги слуша. Очигледно е дека премиерот деновиве има проблем со вниманието е и не е подготвен да се соочи со аргументите на опозицијата. Излегува и чита готови прес конференции“, нагласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки од собраниската говорница.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека во обид за дефокус премиерот навредил негова колешка на сексистичка основа.
„Во обид за дефокус премиерот и денес навреди наша колешка на сексистичка основа а во текот на вчерашниот ден колега го нарече дека е глупи август, а се дополни со нова изјава дека бил пион кој што можел да стане кралица, но коњот засекогаш ќе останел коњ. Брука, ова е дно. Обичниот пион на Груби односно на Артан Груби пати од комплекс на помала вредност затоа што не бил на избори и не е избран. Но сепак сака да стане кралица и мисли дека може да ги навредува избраните пратеници“, истакна Ковачки.
