Актуелно

Бајден: Не е рационално Кина да преговара за исходот од војната во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека идејата Кина да преговара за исходот од војната во Украина не е рационална, по објавувањето на мировниот план на Пекинг за конфликтот.

„Рускиот претседател Владимир Путин аплаудира, па како може тоа да биде добро? Не видов ништо во планот што би укажало дека има нешто што би било корисно за некој друг освен за Русија доколку се следи кинескиот план. Идејата дека Кина ќе преговара за исходот на војната, која е целосно неправедна војна за Украина, едноставно не е рационална“, рече Бајден во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Кинескиот план ги повикува двете страни да се согласат на постепена деескалација и предупредува за употреба на нуклеарно оружје.

Планот, наведен во документот на Министерството за надворешни работи, е повторување на линијата на Кина откако Русија ја започна, како што ја нарекува, својата „специјална воена операција“ на 24 февруари минатата година.

Бајден, исто така, ги повтори своите коментари дека засега нема да испраќа Ф-16 во Украина, велејќи дека на украинскиот претседател Володимир Зеленски во моментов не му требаат борбени авиони,пренесе Индекс.хр.

На почеток