Македонија

(ВИДЕО) Како ќе се стигне до 80 пратеници за промена на Уставот и вметнување на Бугарите?

Може ли да се купат пратеници со цел да се дојде до мнозинство во Собранието за уставните измени, одговараше вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во интервју за „Макфакс“. Тој рече дека има повеќе начини како да се стигне до мнозинство за уставните промени, па посочи два од нив, кои се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. Призна и дека во моментот немаат мнозинство.

„Не постои човек што може да го купите ако искрено не верува во она што го прави“ коментира Маричиќ, па одговараше дали ќе уценуваат за да се стигне до 80 пратеници.

Уверен е дека ќе се стигне до 80 пратеници за промена на Уставот и вметнување на Бугарите.

Во ноември минатата година Маричиќ убедуваше дека е блиску до 80 пратеници за уставни измени, а сега го коментира тоа и рече: „Денеска сме еднакво блиску колку што сме биле во ноември“.

„Над 70 се оние што би гласале во моментот“, рече Маричиќ и кажа од кои политички партии доаѓаат и прокоментира: „На моменти е добро да мислите дека блефирам. Но, не блефирам“.

Повеќе за уставните измени и како до 80 пратеници Бојан Маричиќ одговара во интервјуто за „Макфакс“.

На почеток