Променливо облачно и релативно топло


Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд кои ќе продолжат и ќе се прошират преку ноќта, а локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно и релативно топло. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Под влијание на серија влажни бранови во текот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег. Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.
