Силен земјотрес во Тихиот Океан, почуствуван на индонезискиот остров Сулавеси
Од
Објавено на
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Сулавеси во Тихиот Океан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Според Ројтерс, земјотресот бил на длабочина од 12 километри.
Засега нема извештаи за евентуални штети или повредени, а не се знае ни дали постои опасност од цунами.