Актуелно

Се судрија патнички и товарен воз во Грција, најмалку 32 лица загинаа

Најмалку 32 лица загинаа, а над 80 се повредени во судар во два воза во градот Лариса, северна Грција.

Грчките медиуми објавија дека возот со околу 350 патници се судрил со товарен воз кој доаѓал од спротивната насока.

Според последните извештаи, 25 лица се хоспитализирани со сериозни повреди, пишува „Катимерини“.

Возот патувал од Атина за Солун кога директно се судрил со другиот воз, при што се запалил најмалку еден вагон, а предниот дел е целосно смачкан.

Портпаролот на пожарникарската служба Василис Вартакојанис рече дека условите за спасувачките екипи се многу тешки поради сериозноста на судирот и никогаш не видел такво нешто во својот живот.

„Пет часа подоцна, и натаму вадевме тела. Сведочиме огромна трагедија“, изјави тој.

Причината за несреќата засега не е позната.

На почеток