Македонија

„Живо ви е кралството, колку и другарството“ – Комитите возвратија на провокацијата од Гробарите

На денешниот ракометен натпревар меѓу Партизан и Вардар во Белград навивачката група на Партизан, Гробари упати тешки националистички навреди кон македонскиот народ. На почетокот на средбата, Гробари извадија грчко знаме, за потоа преку транспарент да порачаат дека Македонците имале криза на идентитетот.

„Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“, стоеше на транспарентот на Гробари.

Во еден момент се скандираше и „Стара Србија, никогаш Македонија“.

Медиуми јавуваат и дека Комити на мечот во салата „Бањица“ влегле дури во 55 минута, а успеале да возвратат и на навредите од Гробари.

Повеќе од три часа вардаровите навивачи не биле пуштани да влезат во Србија на граничниот премин „Табановце“ и тоа од српската полиција, без никакво образложение.

Откако им бил дозволен влез, со полициска придружба се упатиле накај Белград, но тоа одело толку бавно што веќе на сите им станало јасно дека нема да стигнат на почетокот на средбата. Но, се случи најлошо сценарио за нив – им беше дозволен влез на пет минути пред крајот, кога веќе прашањето на победникот беше решено. Кога се појавија во салата, настана толкава еуфорија, што на преносот се забележа како сите домашни фанови скандираат „Стара Србија, никогаш Македонија“, а се пееше и грчка навивачка песна, пишува Радио Лидер.

Комити на сите провокации возвратија со „Живо ви е кралството – колку и другарството“.

На почеток