„Слушнавме силен тресок, 10 секунди беше кошмар“, сведоштво на преживеаните од железничкиот судир во Грција
„Слушнавме силен тресок, 10 секунди беше кошмар. Се превртевме во вагонот и паднавме на страна… потоа настана паника, насекаде пукаа кабли, настана пожар“, рече Стергиос Миненис, 28-годишен патник кој беше сведок на катастрофалниот судар на воз во кој загинаа најмалку 32 лица, а повредени се најмалку 82.
Околу 250 патници се безбедно евакуирани во Солун со автобус. Еден патник за државната телевизија ЕРТ изјави дека успеал да излезе од вагонот откако со куфер го скршил прозорецот на возот.
„Во вагонот владееше паника, луѓето врескаа“, изјави за ТВ СКАИ млад човек кој беше евакуиран од возот до блискиот мост.
Регионалниот гувернер на Тесалија Константинос Агорастос за ТВ СКАИ изјави дека првите четири вагони од патничкиот воз излетале од шините во несреќата, додека првите два вагони, кои се запалиле, се „речиси целосно уништени“.
„Тие се движеа со голема брзина и едниот возач не знаеше дека другиот доаѓа“, рече гувернерот.