Пожар во Нови Пазар, загинаа четри деца

Од
Објавено на

Четири деца загинаа, а нивните родители се тешко повредени во пожар кој избувнал во нивниот стан во Нови Пазар, во Србија.
Телата на четирите деца биле пронајдени од страна на пожарникарите, а се претпоставува дека тие се задушиле.
Дел од српските медиуми пренесуваат дека таткото е потешко повреден, со изгореници од втор, трет и четврт степен на дури 45 проценти од телото, додека мајката има изгореници од втор и трет степен на 18 проценти од телото.
Причината за пожарот сѐ уште е непозната.
