Актуелно

Ѓоковиќ не може да оди во САД

Американските власти одбија да му дозволат на Новак Ѓоковиќ влез во САД бидејќи не бил вакциниран.

Тенисерот број еден во светот и официјално се повлече од ждрепката за Мастерс турнирот во Индијан Велс

Ѓоковиќ се повлече бидејќи во Соединетите Држави се уште е на сила одлуката странците кои не се вакцинирани против корона вирусот да не можат да влезат во таа земја.

Ѓоковиќ не бил вакциниран и не добил ослободување, а неговото место ќе го заземе Николоз Басилашвили, тенисер од Грузија.

Освојувачот на 22 Грен слем титули во петокот загуби во полуфиналето на турнирот во Дубаи, а на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами нема учество од 2019 година.

Србинот, кој е еден од најистакнатите спортисти кои не се вакцинирани против вирусот, минатиот месец поднесе барање до американската влада за специјална дозвола за настап на АТП Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами, објави Ројтерс.

Турнирот во Индијан Велс започнува во понеделник и ќе трае до 19 март

На почеток