Коментари

На Спасовски му се смее цел народ за изјавата дека зад нападите со бомби стојат адреси од Русија и Иран, вели Јоци

На Оливер Спасовски му се смее цел народ во контактни емисии околу изјавата негова дека зад заканите со бомби стојат ип адреси од Русија и Иран, вели Јорданка Ивановска Јоци

„Нема друга работа, со нас Русија ќе се бави со нас. Се што не чини, Русија е крива, смешки”, генерално велат граѓаните.

До толку Спасовски е поиман сериозно во народни очи.

Туку, народот, колку и власта да го смета за глупав, е екстремно интелигентен. Ниедна скапа и ултра глупа пропаганда не поминува кај напатениов народ.

Само послушајте го понекогаш во контактни емисии, воодушевувачки и кристално јасно всушност разбира кретенска политика на било која тема која разни властодршци, под превез на агитација и пропаганда, мислат дека може да му ја шиткаат со шибицарски финти“, додава Јоци.

To Top