Коментари

Божиновски до Дамјановска: Шанса треба да се даде на истрагата да покаже кој му дозволил да полага правосуден без да има дипломирано

Дали во држава во која довербата во судството и во обвинителството е исклучително ниска, кога ќе слушнете дека синот на претседателот на Собранието ќе биде јавен обвинител, тоа придонесува за зголемување на довербата или не – беше едно од прашањата до директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, при интервјуто во „360 степени“ на ТВ „Алсат“.

„Кога би била на негово место, а верувам дека таа е логиката на самиот кандидат, би се потрудила максимално, кога ќе стапам на должност, да покажам дека навистина работам професионално. Од таа причина, мислам дека навистина треба на сите овие млади луѓе кои се среќни што завршиле и се среќни што сега ќе стапат на должност, да им дадеме шанса, да видиме дали тие ќе работат професионално. Зошто однапред да сметаме дека некој поради родителот или поради некоја друга причина нема да ја врши својата работа совесно“, одговори Габер-Дамјановска.

Во врска со ова се огласи Божидар Божиновски кој преку социјалните мрежи порача дека треба да и се даде шанса на истрагата за да покаже кој му дозволил да полага правосуден испит.

„Да му дадеш шанса на некој кој нелегално ја почнал кариерата, со полагање на правосуден пред да има завршено факултет, значи да му одземеш ја одземеш шансата на некој кој чесно заработил диплома. Треба да и се даде само шанса на истрагата да покаже кој му дозволил да полага правосуден испит пред да има дипломирано“, вели Божиновски.

На почеток